Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жени

Opstina centar1.jpg

Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените”.

На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување  и се на возраст од 20 до 50 години.


„Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на полот, за да може да донесува добри финансиски одлуки и да изгради сигурна и стабилна финансиска иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените. “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Целта на обуката е развој на женското претприемништво и финансиската писменост, што ќе придонесе кон поголема економска независност и развој на претприемачкиот потенцијал на жените.

Планираниот број на учеснички е 30, по принципот „прв дојден – прв услужен”.

Пријавата за учество, заедно со потребната документација, може да се достави во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков” бр. 1, 1000 Скопје.

Пријавата е достапна и на веб-страницата на Општина Центар  ЈАВЕН ПОВИК за пријавување лица за „Обука за финансиска писменост на жените” | Општина Центар  .mk.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост