Утрински Весник
Македонија

Касами: Не сме за предвремени избори, но и да има Вреди ќе победи

Kasami.webp.webp

Градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на партијата ВРЕДИ – Биљал Касами денеска на барање на новинарите ги коментираше актуелните политички состојби и искажа став за евентуални предвремени парламентарни избори. Како партија не сакаат да има предвремени избори, но смета дека се подготвени доколку ги има.

– За предвремени избори ние како „ВРЕДИ“ сме подготвени утре да се објават, но како дел од владината коалиција и како дел од локалната власт, сме во реализација на програмата, тоа што сме го нуделе на граѓаните, така да ние не бараме предвремени избори, истакна Касами.


Тој изрази уверување дека „ВРЕДИ“ би извојувала победа на избори.

– Уверени сме дека и да има предвремени избори, пак „ВРЕДИ“ нели ќе биде победник во албанскиот блок и ќе биде дел од Владата и ќе ги води општините и понатаму. Така да наш приоритет е реализација на тоа што е понудено, а ако има предвремени избори сме подготвени и сме убедени дека ќе бидеме апсолутни победници, посочи Касами.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол