Утрински Весник
Економија

Цветаноски: Aрамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза – мерките на СДСМ се спас

Simona czvetanovski 2.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО

Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во катастрофлано лоша состојба.


Нема откуп. Родот им скапува на нивите. А и тоа малку што се откупува, се плаќа по понижувачки цени.

Земјоделците работат од утро до мрак, вложуваат сè што имаат, а на крајот не можат ниту да ги покријат трошоците.

Сите земјоделци се погодени од лошите и криминални политики на Арамијата Мицкоски.

Затоа, поднесовме Закон за финансиска поддршка на земјоделците.

Сега кога им е неопходна.

За лозарите – 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец” и „Кратошија”. 

За оние кои нема да успеат да го продадат грозјето – 300.000 денари по хектар за пријавни лозови насади.

-За производителите на пиперка „ајварка” 10 денари по килограм продадена пиперка, плус 200.000 денари по хектар за евидентираните засадени површини.

-За производителите на пченица 5 денари по килограм, без разлика дали пченицата е продадена на регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. 

-За сточарите 8.000 денари по грло говедо за производство на млеко и месо.

-За оризарите 10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.

Корисници ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Земјоделството е производство, егзистенција и сигурност за илјадници семејства.

Не да се распродава македонската земја зa туѓи профити.

Не земјата и водата да им се ставаат на располагање на туѓи бизнис-интереси.

Не луѓето што произведуваат храна да се оставаат без земја, без вода, без откуп и без поддршка.

Поддршка за земјоделците сега! 

Да, за Македонија да застане зад оние кои ја хранат!

Можете да прочитате

Народната банка, заедно со надлежните институции во соработка со ЕИБ, започнува изработка на Зелената национална таксономија

Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст