Утрински Весник
Економија

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 5,5 денари по литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Согласно одлуката, највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 99 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 101, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 104,5 денари за литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ1) поевтинува за 7 денари за литар и ќе се продава за 102,5 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 денари по килограм и ќе изнесува 50,078 денари.


Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,960 отсто, кај дизелот за 6,772, кај екстра лесното масло за 5,960 и кај мазутот за околу 4,084 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,753 отсто повисок од курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Можете да прочитате

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

Енергија, инфраструктура и високи технологии: новата агенда на македонско-американското партнерство

Народната банка ги поттикнува младите истражувачи – во тек е Конкурсот за годишната награда