Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Вонредна дератизација во Центар, градските претпријатија да ги одржуваат контејнерите и канализацијата за да има ефекти

Whatsapp image 2026 09 21 at 14.47.11 1.jpeg

Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината.

Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните.


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи.

„Ова е втора вонредна дератизација во последниве два месеца. Претходно имавме редовна пролетна дератизација, а пред нас е и есенската. Но, само со дератизација не се решава проблемот. Затоа апелирам до Град Скопје и надлежните градски јавни претпријатија за редовно празнење и одржување на контејнерите, како и за одржување на канализационата инфраструктура. Ваквите инвестации се решаваат со системски пристап, каде треба да бидат вклучени сите надлежни институции, бидејќи проблемот не е само во една општина, туку пошироко. Како Општина, ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме”, рече  Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.

Можете да прочитате

Граѓанските организации да се вклучат во вториот циклус на финансирање во рамките на ReLoAd 3, повик од општина Аеродром

КХС за една недела отстранила 650 кубни метри кабаст и градежен отпад

Отворен конкурсот за годишната награда „Феникс” за 2026 година