Утрински Весник
Македонија

Деветта жртва од западнонилска треска: Почина 66-годишен кумановец

Infektivna01.jpg

Шеесет и шестгодишен жител на Куманово починал на Клиниката за инфективни болести во Скопје како последица на западнонилска треска. Со овој случај, бројот на починати од вирусот во земјава се искачи на девет.

Информацијата ја потврдил директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Починатиот пациент имал и други придружни заболувања, кои дополнително ја усложниле неговата здравствена состојба.


Претходната, осма жртва беше 70-годишен жител на скопско Драчево, кој бил примен на Клиниката во исклучително тешка состојба. Според досега објавените податоци, најголем дел од пациентите со потешка клиничка слика се повозрасни лица и луѓе со хронични заболувања.

Западнонилската треска се пренесува главно преку убод од заразен комарец и не се пренесува директно од човек на човек. Кај најголем дел од заразените нема симптоми, додека кај дел може да се појават покачена температура, главоболка, болки во мускулите, замор, мачнина и кожен осип.

Кај помал број пациенти вирусот може да предизвика тешка невроинвазивна форма на болеста, како воспаление на мозокот или на мозочните обвивки. Зголемен ризик од компликации имаат лицата над 60 години, хронично болните и луѓето со ослабен имунитет.

Здравствените власти препорачуваат користење средства против комарци, носење облека со долги ракави, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застоената вода од дворовите и терасите, каде што комарците најчесто се размножуваат.

Можете да прочитате

Пронајдена марихуана во возило, уапсени пет лица

Тошковски ја отвори заедничката обука на САЕ „Тигар“ и француската единица РАИД: Размената на искуства и знаења е клучна за унапредување на полициските капацитети

СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра