Утрински Весник
Македонија

31-годишен Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Whatsapp image 2026 09 21 at 09.41.21.jpeg

Македонски државјанин го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера во Италија, на државниот пат 16 „Адријатика“, во близина на градот Ортона, јавуваат италијанските медиуми.

Според информациите објавени во локалните медиуми, загинатиот е 31-годишниот Стефан Ѓероски, роден во Македонија, кој живеел во Ортона.


Несреќата се случила додека Ѓероски управувал со автомобил „фолксваген голф“. Под засега неутврдени околности, возилото излетало од коловозот, по што силно удрило во потпорен ѕид покрај патот.

Од силината на ударот, 31-годишниот Македонец се здобил со тешки повреди и починал на самото место.

Надлежните италијански служби ги утврдуваат точните причини и околности под кои дошло до трагичната сообраќајна несреќа.

Можете да прочитате

Безживотно тело пронајдено во опожарена куќа во Валандовско

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

Камион и автомобил се судриле во Охрид, едно лице тешко повредено