Утрински Весник
Економија

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

Filipche venko sdsm izjava struga.jpeg

Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга.

На средбите граѓаните ги споделуваат своите секојдневни проблеми, пред сè поврзани со животниот стандард, семејните финансии и растот на цените, рече Филипче.


„Синдикалната кошничка за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски”, рече Филипче.

Тој предупреди дека огромната економска и финансиска криза, предизвикана од лошото управување на власта, во следниот период дополнително ќе се продлабочува.

„Во последниот објавен квартал од 2026 година има само 18 милиони евра странски инвестиции, во споредба со 250 милиони евра во времето на владите на СДСМ. Тоа е еден од најјасните показатели дека државата економски тоне”, истакна Филипче.

Дополнителен товар за граѓаните е најавениот нов заем од 1,3 милијарди евра, кој ќе го отплаќаат идните генерации.

„Поради промашените проекции и огромната дупка во Буџетот, Владата повторно ја задолжува државата. Новите задолжувања не се користат за развојни проекти што ќе создадат економски раст, туку за покривање тековни трошоци и исплата на плати”, рече претседателот на СДСМ.

Во услови кога работниците и семејствата не можат да врзат крај со крај, Филипче ја повика власта да го поддржи предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата на 600 евра.

„Тоа е најмалку што власта може да го направи за луѓето чиј единствен приход е минималната плата. Истовремено, потребно е да им се помогне на компаниите и приватните бизниси, за зголемувањето да не претставува дополнителен товар за нив. Затоа предлагаме субвенционирање на придонесите за делот од зголемувањето на платите”, порача Филипче.

Можете да прочитате

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари

Серафимовски: Грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство

Во 2024 година 4,7 отсто од домашните претпријатија биле странски филијали