Утрински Весник
Економија

Серафимовски: Грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство

Image 2026 09 18 193547936.png

Со порака дека во една тегла мед се соединети природата, човечкиот труд и карактерот на поднебјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Радовиш ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026″.

Министерот Серафимовски во своето обраќање посочи дека значењето на пчеларството го надминува производството на мед и други пчелни производи. 


„Преку опрашувањето, пчелите имаат незаменлива улога во овоштарството, градинарството и поледелството, поради што нивната поголема заштита е неопходна за зголемување на домашното производство на храна и зачувувањето на биолошката разновидност”, порача министерот Серафимовски.

Тој додаде дека политиките во овој сектор се насочуваат кон понатамошна професионализација и модернизација на пчеларските стопанства, зачувување на автохтоната македонска медоносна пчела, подобро искористување на пчелната паша и создавање производи со повисока додадена вредност. 

Министерот Серафимовски истакна дека институционално се засилуваат контролите на квалитетот, заштитата од нелојална конкуренција и надзорот над погрешно декларираните производи.

„Македонскиот мед има потенцијал да биде високо вреднуван производ. Неговата вредност и понатаму ќе ја надградуваме преку проверен квалитет, препознатливо потекло, современо пакување и посилно присуство на домашниот и странските пазари. Чесниот пчелар кој произведува вистински и квалитетен мед ќе биде препознаен и заштитен, затоа што грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство”, порача министерот Серафимовски.

Можете да прочитате

Во 2024 година 4,7 отсто од домашните претпријатија биле странски филијали

ССК очекува дека ќе се најде најдобро решение за превозниците

Димитриеска-Кочоска: Приходите во буџетот се поголеми за 8 отсто од лани, раст има кај сите главни даночни категории