Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Изјавата на Вучиќ е уште еден обид за дефокусирање и манипулирање со јавноста

Dui 1.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Изјавата на Вучиќ е уште еден обид за дефокусирање и манипулирање со јавноста.


За нас е загрижувачки што влијанието на Белград и на таканаречениот „српски свет“ во Република Северна Македонија денес е поголемо од кога било досега. Ова не е само политичка перцепција, туку прашање кое е нотирано и во извештаи и проценки на релевантни меѓународни институции.

Изјавата на Вучиќ е во насока на создавање политичка магла и пренасочување на вниманието од суштината на прашањата.

Овој обид за манипулирање и дефокусирање на јавноста е сличен и на обидите на македонските политички партии во текот на вчерашниот ден да го изедначат Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, основан од Советот за безбедност на ОН во 1993 година, со Специјализираните совети на Косово.

Станува збор за две институции кои се целосно различни според нивниот правен и институционален статус: Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија беше меѓународен трибунал основан со резолуција на Советот за безбедност на ОН, додека Специјализираните совети на Косово се судска институција основана во рамките на правниот систем на Косово, со основа во неговиот Устав и законодавство.

ДУИ нема да дозволи наративите увезени од Белград да ја диктираат политичката дебата во Северна Македонија, ниту преку нив да се нарушуваат меѓуетничките односи, стабилноста и европската ориентација на земјата.

Можете да прочитате

Проблем во системот за регистрација на возила – МВР потврди дека има технички пречки

Филипче доби опомена пред тужба – Ќурчиев тврди дека покажал документ со невистинити податоци што претставува фалсификат

Левица: Владата должи целосна отчетност за 5,5 милионите евра потрошени за прославата на независноста