Утрински Весник
Македонија

Денеска во Македонија сончево и топло со температури до 32 степени

Soncevo Park Most.webp.webp

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала облачност.


Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 31 степен. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време.

Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка