Утрински Весник
Македонија

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Voda.jpg

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија попладнево од Општина Струмица.

Одлуката е донесена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по спроведен вонреден инспекциски надзор.


Според информациите објавени од Општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.

„Решението е донесено од страна на АХВ врз основа на вонредниот инспекциски надзор, а при кој е констатирано отсуство на резидуален хлор и контаминација со бактерии – индикатори на фекално загадување“, соопштија од Општина Струмица.

Забраната не се однесува само на директно консумирање на водата. Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места.

Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.

Мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.

Можете да прочитате

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата

Петковска: На ОЈО ГОКК му треба шеф кој ќе може да се спротивстави на политичките притисоци