Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок

Sud.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини.


Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години.

Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема.

Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема.

Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството.

Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува.

Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ.

Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ.

Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани.

Можете да прочитате

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите” од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи” во Македонија

ЛДП: Правдата е индивидуална, ниту еден народ не е злосторнички – да престане релативизација на воените злосторства

Кривична за директор на ЈЗУ Здравен дом во Свети Николе за злоупотреба на службена положба и овластување