Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Хиперхлораџијата Тошковски вчера ја чистеше водата, а денеска ја мери полицијата

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштене за јавност на СДСМ:

Министерот што десет недели ја крие водата во Гостивар излезе да објави дека криминалот паднал. До вчера Тошковски беше главен за хиперхлорирање, заедно со Клековски и арамијата Мицкоски. 


Пет илјади отруени граѓани. Нема ниту еден целосен, потпишан, јавен извештај дека водата е чиста за пиење. Десет недели. Има само збор од бандата. Зборот не се пие.

Денеска истиот човек чита статистика: убиствата паднале, разбојништвата паднале, тешките кражби паднале. Семејното насилство расте.

Па како да не падне „тешкиот криминал” кога обвинителството го држи организирана криминална група. Кога тешката кражба е преименувана во тендер. 

Кога грабежот на касата е Буџет. Кога перењето пари е донација. Кога штабот се гради со фирма на државата и судот измислува што е „јавна услуга”. Тоа не е пад на криминалот. Тоа е префрлање на криминалот во кабинет.

Семејното насилство расте. Тошковски самиот го кажа. И тука системот се познава. Еден што тепа жени, а ВМРО-ОКГ го пушта без казна, е телохранител на арамијата Мицкоски и полицаец на Тошковски. 

Тоа е правна држава по нивна мерка: камера за улица, заштита за своите, статистика за прес-конфереции.

Да не се мачи Тошковски. Извештајот веќе постои. Европската Комисија го напиша: мешање и притисок врз судството, сериозна закана за независноста на судството. 

Полиција, суд, обвинителство – не одговараат на закон. Одговараат на шефот на бандата.

И едно прашање на крај, бидејќи веќе чита бројки: Што се случи со петте тони дрога што непречено ја поминаа границата? 

Ова не е безбедност. Ова е ПР на хиперхлорирана полиција.

Можете да прочитате

Во последните 24 часа уапсени осум возачи

Маж од гостиварско со врело кафе ја попарил својата сопруга

ВЛЕН: Пресудата против Хашим Тачи е неприфатлива, ОВК се бореше за слобода