Утрински Весник
Магазин

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

20250918142820 big 730x400 78.webp.webp

Над два метри долга ќе биде џиновската пастрамајлија, со која и свечено ќе се отвори манифестацијата  „Пастрмалијада 2026“ во Штип. Пекарот Николче Малинов вели дека за нејзината подготовка ќе бидат потребни околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 килограми брашно. Тој најавува дека годинава ќе се обидат да ја направат најголемата и најдолгата пастрмајлија досега, а за подготовката и транспортот до бината ќе бидат ангажирани четири до пет лица. 

-За оваа година ќе се потрудиме да биде најголема, најдолга до сега два метра и 10 сантиментри. Потребно ќе ни биде околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтини, 20 килограми брашно. За оваа голема акција ќе ми бидат потребни четири до пет луѓе, како и транспортот до бината на свеченото отворање на штипската Пастрмалијада- вели Малинов.


Џиновската пастрмајлија ќе се пече околу 35 минути, во зависност од температурата на печката. 

-Да нашата печка е приспособена за тоа, ќе ја печеме во еден дел и ќе се печи околу 30 до 35 минути, се во зависност од темпартурата на печката- вели Малинов.

Штипската „Пастрамалијада“ годинава ќе се одржи на 18 и 19 септември на две локации, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Градскиот стадион, каде што ќе има концерти, а главна ѕвезда на 19 септември е Жељко Јоксимовиќ,  пред него ќе настапат македонските познати пејачи Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

Цената на штипската пастрамајлија годинава ќе изнесува 250 денари, и покрај зголемените трошоци. За закуп на штандови се пријавени повеќе од 30 угостители, со цел специјалитетот да биде достапен за што поголем број посетители.

Можете да прочитате

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот