Утрински Весник
Македонија

Шасивари иницира средби за деблокирање на носењето на измените и дополнувањата на Изборниот законик

Izboren.webp.webp

Министерот за правда Јетон Шасивари во периодот што претстои ќе оствари средби со политичките субјекти со цел да се деблокира процесот на носење измени и дополнувања на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда и во кој треба да бидат внесени препораките од ОБСЕ/ОДИХР. 

Измените и дополнувањата на Изборниот законик беа изготвени од работна група и предложени до Собранието од група пратеници. Изборниот законик, иако беше дел од реформската агенда, не беше изгласан поради несогласувањата на пратеничките групи и политичките партии во врска со начинот на гласање на дијаспората и финансирањето на политичките партии.


Темата за Изборниот законик беше повторно отворена вчера на редовната координација со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој на брифинг со новинарите изјави дека ги охрабрил првите луѓе на пратеничките групи доколку има согласност разговорите да продолжат.

Можете да прочитате

Гостиварец измамил сопственик на фирма за 110.000 денари

Жерновски: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

На граѓани им се слошило пред Алта банка во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати