Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Денот на демократијата бара систем по европски терк – отворени листи, судство за народот, а не држава за партиските шефови

Ldp 1.jpg

Соопштение на ЛДП:

Не само формално одржување избори на секои четири години, туку какви избори имаме, кој на нив учествува и под какви услови се избираат народните претставници – тоа е суштината на демократијата, порачува ЛДП на Меѓународниот ден на демократијата. За да имаме функционална држава, потребни ни се одговорни пратеници кои отчет ќе му даваат директно на граѓанинот, а не послушници кои ги исполнуваат налозите и желбите на партиските шефови и елити. Затоа ЛДП бескомпромисно инсистира на итни измени во Изборниот законик со прифаќање на нашиот концепт за отворени листи и една изборна единица, како единствен начин да се скрши партискиот монопол и да се врати моќта кај народниот глас.


Вистинска демократија подразбира правосудство кое ќе биде 98% позитивно оценето од народот затоа што му служи нему, а не заловено судство и обвинителство кои испорачуваат правда само за елитата на власт. Демократија е кога законите важат за сите еднакво, а не кога премиерот противуставно и противзаконски им се заканува на судовите со укинување на нивните законски предвидени финансии, додека надлежните органи кукавички молчат пред ваквиот отворен притисок. Судството и Јавното обвинителство мора да му служат на народот, а не да бидат претворени во личен штит и сервис на Владата.

Демократијата се мери според европските стандарди, а тие не се исполнуваат со козметичко одработување на неколку задачи од Реформската агенда и нудење лажни автократски алтернативи. За ЛДП, патоказот е јасен: детално спроведување на сѐ што е предвидено во скрининг процесот за Македонија да стане вистински функционална демократија. Станала земјата членка на ЕУ утре или подоцна, скринингот мора да се спроведе до последната точка, за во Македонија да се живее како во Холандија, Шведска, Луксембург, Чешка или Ирска. Граѓаните заслужуваат квалитет на живот од најразвиените европски демократии, а не враќање во автократски мрачњаштво.

Сѐ додека ги немаме овие европски стандарди во правосудството, образованието, здравството и животната средина, Македонија не само што нема да биде европска демократија, туку ризикува целосно да се испразни. Без систем што нуди правда, сигурност и достоинство, иселувањето ќе продолжи до степен каде што нема да зборуваме за држава, туку за територија без население. ЛДП нема да дозволи демократијата да биде декор за партиските шефови и продолжува со борбата за систем во кој граѓанинот е единствениот господар.

Можете да прочитате

Две млади девојки се степале во Центар, кај едната полицијата пронашла остар предмет

Филипче: Во најкус рок ќе поднесеме предлог во Собранието за помош на лозарите

Заталкан куршум рани скопјанка во Драчево – погодена во рамото додека била во дворот