Утрински Весник
Македонија

МВР му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Струга

Krivicna prijava protiv gradonacalnik na opstina struga image.jpg

ОВР Струга информира дека поднело кривична пријава против М.Ќ.(66) од струшкото село Биџево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

„Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор.


Тоа го направил иако знаел дека ново назначеното лице нецелосно ги исполнува условите пропишани во член 118 од Законот за основно образование. Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од  Државниот просветен инспекторат“ информираат од МВР.

Можете да прочитате

МВР му поднесе нова кривична пријава на Стевчо Јакимовски

Сослушани сведоци на Обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов

Возач на мопед тешко повреден по сообраќајка во Струмичко