Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!

Ldp 1 2.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

Кога неговата светост, самопрогласен шеф на новата елита, ќе добие закана на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи реагира со брзина на светлината: сторителот од кумановско Черкези е веднаш идентификуван, Јавното обвинителство експресно процесуира, а целата државна апаратура се става во функција на негова заштита. Но, кога претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, и други истакнати јавни личности и граѓани со месеци и години пријавуваат истоветни, па и уште пострашни директни закани по нивниот живот, за МВР и за судството тоа е потполно неважно. За нив нема ниту истрага, ниту притвор, ниту институционална разрешница.


Нека престанат конечно да ѝ продаваат евтин ПР и теорија на јавноста дека правосудството било под нечија скроена „закрила” или дека било заглавено од минатото. Со ваквиот експресен вип-третман за премиерот, самите институции ни го даваат најчистиот доказ дека судството и полицијата функционираат перфектно — но само кога треба да ја штитат владината гарнитура како бели мечки и како посебно заштитен вид. Ова не е владеење на правото, ова е брутална и болна шлаканица врз обичниот човек, кој за своите маки и закани не може да дочека ниту обичен записник, а камоли правда.

Дополнително, бизарната изјава на премиерот дека „да не бил на позиција, знаел како се решаваат вакви проблеми” соголува опасен менталитет на улична пресметка, зад кој веднаш потоа се крие целиот државен апарат. Со ова се испраќа загрижувачка порака: за самонаречената елита важат законите, казнивоста, брзата правда и идолопоклонството, додека за обичните граѓани остануваат само отворените закани и несигурноста.

Либерално-демократската партија порачува дека ова институционално лицемерие ја премина секоја граница. Не го навредувајте повеќе интелектот на народот со тоа што државните ресурси ги користите за лична заштита и ПР-спектакли, додека граѓаните ги оставивте неодбранети. Од вакви двојни аршини и арбитражна правда на сите им е преку глава — Македонија мора да биде правна држава еднаква за сите!

Можете да прочитате

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!