Утрински Весник
Македонија

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти

20260914100443 big 730x400 50.webp.webp

Македонските уметници, културни организации и други чинители од областа на културата имаат можност да предложат проекти и идеи за официјалната програма на Кируна – Европска престолнина на културата 2029.

Во рамки на подготовката на програмата, Кируна 2029 отвора две можности за учество на уметници и организации од Шведска и од други земји.


Уметнички проекти – „Artistic Projects“, повикот е наменет за уметници и организации кои веќе имаат развиен предлог за среден или поголем уметнички проект што би можел да стане дел од програмата на Кируна 2029. Рокот за поднесување е 31 октомври 2026 година.

Тестирајте идеја „Test an Idea“, оваа можност е наменета за оние кои имаат почетна идеја, концепт или размислување за проект, како и за оние кои сакаат да развијат идеја во соработка со други уметници или организации. Идејата не мора да биде целосно развиена во моментот на пријавувањето, а рокот за поднесување е 31 декември 2026 година.

Двата повика се отворени за локални, регионални, национални и меѓународни уметници, културни организации и други актери.

На официјалната веб-страница на Кируна 2029 се достапни информациите за повиците и критериумите за уметничките проекти, формуларите за поднесување проектен предлог или рана идеја, најчесто поставуваните прашања, како и презентација на англиски јазик од вебинарот посветен на отворените повици.

Повеќе информации и пријавување:
https://kiruna.se/2029

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ ја споделува оваа можност со македонската уметничка и културна сцена, поттикнувајќи ги уметниците и организациите да ги искористат можностите за нови европски партнерства, соработки и претставување во рамки на програмата на Кируна 2029.

Можете да прочитате

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра