Утрински Весник
Свет

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Kremlj.jpeg

Москва сè уште нема одлучено дали рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во американскиот град Мајами, Флорида – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Самитот е закажан за 14 и 15 декември годинава.

Изјавата на Песков следува откако советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, претходно денеска изјави дека можноста претседателот Путин да учествува на овој самит „воопшто не била разгледувана“. Во април годинава, портпаролот на Кремљ спомена дека е можно рускиот лидер да отпатува за САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека присуството на Путин на самитот во декември „би било многу корисно“.


Песков денеска ја коментираше и изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека би отпатувал за Мајами доколку Путин учествува на форумот, со цел таму да се сретне со рускиот претседател. Портпаролот на Кремљ ја потврди повеќепати изнесуваната руска позиција дека, доколку Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе треба да ја посети Москва.

Можете да прочитате

На Непал му се потребни 4,78 милијарди долари за обнова по поплавите и свлечиштата

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД

Масовен протест во Даблин против посетата на Доналд Трамп на Ирска