Утрински Весник
Македонија

Татко и син загинаа во сообраќајка близу скопскиот Аеродром

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

Тешка сообраќајка се случила синоќа во близина на Аеродромот Скопје

– Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил „хјундаи И30“ управуван од 51-годишен жител на Марино. Во несреќата на лице место починале возачот на возилото „хјундаи“ и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка, информираа од Јавното обвинителство откако дежурен јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на МВР извршија увид на лице место на несреќата. 


Судирот е случил во близина на полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.

– Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на корсата и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба, информираат надлежните. 

Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата.

Можете да прочитате

ОЈО поведе постапка за лажните возачки, се бара притвор за три лица

Утрово загина млад македонски фудбалер

30 и 35 години независност: Неверојатна разлика и во парите и во транспарентноста