Утрински Весник
Македонија

До 7:30 часот активни три пожари

Pozar treva.jpg

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три се активни а четири се под контрола. Изгаснати се 24 пожари.

Активни се пожарите кај селото Белица во општина Македонски Брод, кај селото Брест во општина Чучер Сандево, и кај селото Алдинци в општините Крушево и Кривогаштани.


Под контрола се пожарите кај селото Тајмиште во општина Кичево, градската депонија во Делчево, кај селото Копаница во општина Сарај и на потегот меѓу селата Буринец – Локов – Селце и Елевци во општина Струга.

Можете да прочитате

30 и 35 години независност: Неверојатна разлика и во парите и во транспарентноста

Јовица Радески е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Брвеница

Татко и син загинаа во сообраќајка близу скопскиот Аеродром