Утрински Весник
Скопје

Меџити: Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија, денес резултатите се видливи

Img 7135.jpeg

Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот дел од работите веќе се реализирани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека проектот ѝ дава нов лик на Чаршијата, истовремено зачувувајќи го нејзиниот идентитет и традиционален карактер.

На површина од 1.567 м², зафатите ја опфаќаат подземната инфраструктура и уредувањето на просторот над неа: водоводната и канализациската мрежа, електричната мрежа и оптичките влакна, реставрацијата на калдрмата со травертински камен, поставувањето ново традиционално осветлување и уредувањето на пешачките површини.


„Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија и денес резултатите се видливи. По повеќе од пет децении, реализираме темелна реконструкција, од подземната инфраструктура до конечниот изглед, притоа зачувувајќи го идентитетот што ја прави Чаршијата посебна. Со инвестиција од над 28 милиони денари, создаваме подобри услови за граѓаните, занаетчиите, бизнисите и посетителите”, изјави Меџити.

Со завршувањето на проектот, Старата скопска чаршија ќе добие модернизирана инфраструктура и пофункционални јавни површини, истовремено зачувувајќи ги своите историски и автентични вредности.

Можете да прочитате

Левица: Град Скопје ја прифати нашата иницијатива младите брачни парови да бидат ослободени од делот на надоместокот за уредување на градежното земјиште

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

Скопје се подготвува за нов јавен превоз: 100 еколошки автобуси и БРТ