Утрински Весник
Македонија

Опожарени над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Image 2026 09 11 093604033.png

Дваесетина дуќани со текстилна и друга роба изгореа во пожар што избувна рано изутрината во трговски центар во Шуто Оризари. Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, соопшти МВР.

– Околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени над 20 дуќани со текстилна и друга роба, сопственост на С.С., кој ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.


Од ЦУК претходно информираа дека интервенирале 15 пожарникари и шест противпожарни возила кои го гаселе пожарот од 3.30 до 6.45 часот.

Можете да прочитате

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција