Утрински Весник
Македонија

Велјановски: Извештајот на ДЗР потврдува дека СДС и ДУИ оставија милионски провизии за железничкиот Коридор 8, ЈО да ја истражи одговорноста

Veljanovski 2.jpg

Прес конференцијата на Алексадар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот Коридор 8 не биле завршени, а државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства.


ДЗР констатирал неефикасно управување со овие стратешки проекти.

Со тоа, проектот доцнел со години, а граѓаните плаќале милионски провизии, а не добиле никаков инфраструктурен резултат.

Дополнително, ДЗР тогаш предупредил и на ризик од губење на 61 милион евра ИПА грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8.

Ова не смее да остане само ревизорски наод. Бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи извештајот на ДЗР.

ЈО да утврди како настанале 4,6 милиони евра провизии, кои лица биле одговорни за доцнењето и дали со нивното постапување или непостапување е предизвикана штета за државата.

Ова е само дел од владеењето на СДС и ДУИ, кои ние денес го плаќаме на различни начини.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

Можете да прочитате

Почина 47-годишен кумановец, излетал од патот Велес-Штип

Голема полициска акција во Скопје: Претреси на 32 локации, се влегува и во службени простории на МВР

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме