Утрински Весник
Македонија

Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 45 минути 

Gp.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“, времето на чекање за излез од Македонија е околу 45 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Можете да прочитате

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка -награда на Големото жири во Берлин, Емин Алпер

Пет активни пожари на отворен простор, шест ставени под контрола

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети