Утрински Весник
Македонија

Потпишан меморандум за соработка во областа на социјалните услуги меѓу Македонија и Турција

Image 2026 09 05 105256147.png

Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, и Министерството за семејство и социјални услуги на Република Турција потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги.

Документот го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, на Република Северна Македонија, Ѓоко Велковски  и министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Гокташ.

Меморандумот претставува основа за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од значење за унапредувањето на социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните.

Соработката опфаќа области поврзани со јакнењето на семејството, развојот и унапредувањето на социјалните услуги за семејствата, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица, како и подобрување на социјалната интеграција на лицата со зависности.

Посебно внимание е предвидено и на унапредувањето на политиките и услугите за вработување на лицата со попреченост и нивното целосно и ефективно учество во општеството, поддршката на активното стареење, развојот на услугите за деца, јакнењето на жените и развојот на механизми за соработка во борбата против насилството врз жените.

Меморандумот предвидува и размена на искуства во областа на социјалната помош, практиките на социјалните услуги, нивното следење и евалуација, како и примена на културни, демографски и социоекономски анализи за унапредување на условите за живот на граѓаните Роми.

Соработката меѓу двете министерства ќе се реализира преку размена на знаења, документи и најдобри практики, размена на експерти, како и организирање конференции, семинари и стручни состаноци.

„Со потпишувањето на овој Меморандум создаваме дополнителна основа за размена на искуства и знаења и за унапредување на социјалните политики и услуги. Нашата цел е добрите практики и искуства да ги претвориме во конкретни решенија кои ќе придонесат кон подобар квалитет на живот и посилна социјална заштита за граѓаните”, истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Со Меморандумот се воспоставува рамка за континуирана институционална комуникација и координација меѓу двете министерства, со цел размена на искуства и заедничко унапредување на политиките и услугите во областа на социјалната заштита.

Меморандумот е склучен за период од пет години, со можност за автоматско продолжување.

Можете да прочитате

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети

Приведен турски државјанин во Охрид за посредување во проституција

Кузеска: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа