Утрински Весник
Економија

Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица 

85791b79 73fd b3b1 65dc cb13a24bb681.jpg

Христијан Мицкоски, претседател на Владата, денеска, одговарајќи на новинарско прашање дека има многу дилеми во јавноста за јавниот долг, односно што сè стои во структурата на јавниот долг, изјави:

„Ја слушав онаа прес-конференција којашто ја имаа пратеници од СДСМ во рамките на Македонското Собрание, каде што имаше две тези коишто сами по себе се небулозни и на отворена сцена покажуваат непознавање. Но, во ред, јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Но, каква е вистината и каква е реалноста? Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Државното јавно претпријатие за државни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг — и тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури, така се повлекуваат заеми и така се плаќаат. И втората теза — зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на Буџетот, затоа што таа е да се издаде еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови, коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата, за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стабри вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, а на врвот по бројот на жртви за време на корона-кризата.

Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија.”

Можете да прочитате

Левица: Додека Мицкоски се фали со економски бум, граѓаните бројат ситно до крајот на месецот

Македонија со 4,3% раст на БДП: Над европскиот просек и со намалена инфлација

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита