Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

Maja borozan 1.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Ветувањата и изјавите Мицкоски се една голема лага. Се што ќе каже-лаже!

Исто и со дата- центрите.

Мицкоски јавно вели дека процесот е отворен и транспарентен а самиот признава дека Владата преговара со 5-6 инвеститори зад затворени врати. 

Не се објаваат кои се, не се објавуваат условите под кои на тие компании Мицкоски им ги поклонува водата, земјиштето и огромни количества струја. 

Нема одговори. Нема имиња. Нема ништо.

Мицкоски работи „под радарот”.

Не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите.

Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата.

Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати.

Особено не со водата.

Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи.

Истото важи и за струјата.

Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој ќе ја плати сметката.

Цела Македонија знае дека бизнисот со струја е омилен бизнис на Мицкоски.

Не е ова никаква стратегија за развој како што вели Мицкоски туку опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните.

СДСМ нема ништо против инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии.

Но, инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити.

Како тоа само во Македонија никогаш ништо не се знае?

Секојпат Мицко договара, разговара, а не преговара, и секогаш најавуваат дека ќе има „некој” инвеститор.

Граѓаните и земјоделците може да останат без потребната вода и струја.

Што ќе јаде народот? Килобајти?

Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни  места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода?

Затоа бараме целосна транспарентност:

Кој е инвеститорот со која се преговара?

На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата?

За колку пари, провизии и профити?

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА

ДУИ до Влен: Молкот пред величењето на геноцидот е соодговорност

Уапсен крадец од Тетово – 24info.mk