Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВЛЕН во „Бардовци“

Image 21.png

Прес-конференција на Арта Биљали Зендели од ДУИ:

Скандалот во Психијатриската болница „Бардовци“ се продлабочува. Компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, поврзана со братучедот на директорот Иса Авдулаи, добила дури пет тендери од болницата откако тој ја презеде функцијата директор на институцијата.

Фактите се јасни: првиот тендер, потпишан на 15 октомври 2024 година, само три месеци откако Авдулаи беше именуван за вршител на должноста директор, го носи дури и потписот на самиот директор. Договорот бил во вредност до 600 илјади денари.

Потоа, „Индиго Инц“ добила уште четири тендери, меѓу кои и овогодишниот тендер за ИТ-системи и лиценци, во вредност до 2,59 милиони денари, односно околу 42 илјади евра.

Сопственикот на компанијата, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи – семејна поврзаност која самиот директор ја има признаено. Ниту фактот што сопственикот ја променил раководната функција во компанијата непосредно пред првиот тендер не ја брише нивната семејна поврзаност.

ДУИ бара целосна истрага од Антикорупциската комисија, Бирото за јавни набавки и надлежните институции за сите пет постапки: критериумите, понудите, учесниците и начинот на избор.

Не е доволна изјавата дека постапката била „законска“ или дека директорот не бил дел од комисијата за избор. Кога компанија семејно поврзана со раководителот на јавна институција добива пет тендери од истата институција, целосната транспарентност и проверка на постапките се обврска, а не избор.

ВЛЕН не може да се крие зад зборот „законски“. Законитоста мора да се аргументира со документи.

Јавните пари не се семејна сопственост. „Бардовци“ не смее да се претвори во семеен бизнис на ВЛЕН.

ДУИ бара целосна транспарентност, институционална истрага и одговорност. Граѓаните имаат право да знаат: како е можно компанијата на братучедот на директорот да добие пет тендери во институцијата со која тој раководи?

Можете да прочитате

Финансиската полиција отвори предмет за сомнителен капитал во медиумите – АВМУ запре промена на сопственост на телевизија и радио

Мицкоски: Туристичкиот развој на Берово е еден од приоритетите на Владата, во подготовка закон за туристички развојни зони

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари