Утрински Весник
Македонија

МНР: Двајца од загинатите во Словенија се малолетни лица

Mnr.jpg

Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец, соопштија од Министерството за надворешни работи на Македонија.

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани.

Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка