Утрински Весник
Македонија

Левица: Гордиот вазал Мицкоски се фали дека Македонија ја турка во глобална војна и ја претвора во американска колонија

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Мицкоски во интервју за американскиот крајно десничарски весник „Брајтберт њуз” (зашто во друг медиум не му даваат простор) во кусоглед и арогантен манир се пофали пред светската јавност дека е горд послушник на Доналд Трамп и екстремнодесничарската администрација на Белата Куќа.

Во манир на послушен вазал, а под превезот на стратешко партнерство со САД, ја понуди Македонија за целосна експлоатација во енергетиката, рударството и високата технологија и призна дека македонската влада води политика целосно усогласена со бесправниот агресорски и неоколонијалистички пристап на Трамп околу Куба, Венецуела и Иран.

Мицкоски нагласи дека Војската на САД го користи македонскиот воздушен простор и аеродромите за воени цели во Персискиот Залив. Инаку, фалбаџијата Мицкоски воопшто не зема предвид дека се работи за ПРЕКРШУВАЊЕ на меѓународното право и дека со такви несериозни одлуки ја вплеткува Македонија во глобална војна без согледиви последици.

Очигледно е дека на лидерот на ДПМНЕ, интересот на македонскиот народ му е небитен пред мултимилионските бизниси во полза на американски групации и дека е спремен во таа полза да ја загрози безбедноста на македонската држава и граѓани кои ги прави соучесници во неговите политички авантури.

Му порачуваме на премиерот ДА ПРЕСТАНЕ со политиката на беспоговорна поддршка на било која голема сила при што земјава се претвора во инстурмент за остварување на туѓи интереси и да се осврне на почитување на меѓународното право бидејќи несериозното делување на светската сцена може Македонија скапо да ја чини, не само од аспект на меѓународниот углед, туку и општата безбедност!

Се работи за вмешување во огромен судир со несогледиви последици, а од кој нашата држава и граѓани немаат никаков интерес. Треба да се следи курсот на прагма во меѓународната политика, но и на почитувањето на меѓународното право и општо-цивилизациските вредности кои ги одликуваат мирољубивоста и солидарност.

Левица секогаш ќе се залага и ќе води независна меѓународна политика со интересот на македонската држава и граѓани на прво место, но ќе ги почитува и правата на другите народи да живеат во мир и просперитет.

Можете да прочитате

Крива Паланка обезбеди бесплатни паркинг простори за посетителите за претстојните празнични денови

Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа – Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Левица: 39.611 непланирани прекини во една година – ЕВН наплаќа „милиони” за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга