Утрински Весник
Македонија

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

Whatsapp image 2025 12 31 at 09.51.46.jpeg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, за започнатото санкционирање на прекршоците сторени со возила со странски регистарски таблички, рече дека за само шест дена биле доставени и наплатени приближно 11.500 казни, во вредност од околу 8,5 милиони денари. 

Притоа, Тошковски нагласи дека наплатата на казните не е примарната цел на системот, туку спасувањето човечки животи. Како најзначаен показател за ефектите од системот, министерот го издвои намалувањето на бројот на жртви во сообраќајот. Според податоците изнесени во интервјуто, заклучно со крајот на август минатата година биле регистрирани 96 жртви, додека во истиот период годинава бројката е намалена на 58 жртви.

„Човечкиот живот нема цена. Тоа е нашата стратегија и нашата цел. Мораме да излеземе од црните статистики што Македонија со години ги има во споредба со европските држави и убеден сум дека, ако продолжиме со вакво темпо, во следните две-три години можеме значително да се приближиме до европскиот просек“, порача Тошковски.

Министерот информираше и дека продолжува проширувањето на „Безбеден град“ на територијата на целата држава. Според најавениот план, примената на системот на територијата на СВР Велес треба да започне во првата половина на септември, а до крајот на септември и на подрачјето на СВР Охрид. Потоа следуваат СВР Струмица и СВР Штип, а се планираат активности и за имплементација на системот на територијата на СВР Битола. Целта е паметниот систем да биде имплементиран на целата територија на државата.

Можете да прочитате

Македонија во портокалова фаза: Жешко до 39 степени, потоа дожд, силен ветер и град

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот