Утрински Весник
Свет

Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на ЦИА полета од Москва, покажуваат податоците на „Флајтрадар24“

20250124082638 medium 358x215 67.webp.webp

Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, денеска полета од Москва, покажуваат податоците на веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ (Flightradar24).

Американските и руските власти засега не ја коментираа информацијата за летот и не потврдија дали Ретклиф бил во авионот.

Претходно, медиумите „Си-Би-Ес њуз“ и „Аксиос“ известија за посетата на Ретклиф на Русија. Тој ја предводи ЦИА за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, а во неговиот прв претседателски мандат ја вршеше функцијата директор на националното разузнавање. Медиумите не прецизираа со кого се сретнал Ретклиф ниту, пак, за кои теми се разговарало.

Ова би била прва позната посета на шеф на американското разузнавање на руската престолнина откако претходникот на Ретклиф, Вилијам Барнс, разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во ноември 2021 година. Околу три месеци по таа средба, Русија ја започна инвазијата врз Украина.

Можете да прочитате

Анкета: Марин Ле Пен и натаму убедливо води во првиот круг од претседателските избори во Франција

ЕУ целосно ја забранува употребата на бисфенол А во амбалажата за храна

Втор најтопол септември досега: Глобалните температури остануваат над 1,5 степени