Утрински Весник
Македонија

Пратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев

Image 2026 08 24 101912603.png

Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржа вчера во Киев.

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваа високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Северна Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Северна Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Можете да прочитате

Нов ценовен шок: Дизелот надмина 100 денари, објавени новите цени на горивата

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти