Утрински Весник
Спорт

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Img c8240ea3ea9a29de97d6348008c6ab1d v scaled.jpg

Македонија ќе има двајца претставници во битката за златен медал во утрешните финалиња во борење.

Првото е во категоријата до 74 килограми, а второто во категоријата до 97 килограми.

Фати Вејсели во полуфиналната битка оствари победа од 5:3 над Турчинот Јасин Јесил и покажа дека е голема македонска надеж во категорија до 74 килограми, но идентичен успех постигна и Реџеп Хајтари.

Во категорија потешка 25 килограми од онаа на Вејсели, Хајтари успеа да слави со 3:2 над Адлан Виханов, па двајцата македонски борци сега ќе се борат за златен медал во утрешните финалиња.

Вејсели за ривал ќе го има Ислам Дудаев од Албанија, додека Хајтари ќе ги одмери силите со Гркот Даурен Куруглиев.

На утрешната програма ќе има и трет македонски претставник, а тоа е Ахмад Магомедов кој ќе има битка за бронзен медал во категоријата до 86 килограми, борба во која за ривал ќе го има Италијанецот Габриеле Николини.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон