Утрински Весник
Македонија

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

Lisen od sloboda strumicanec upravuval vozilo so 175 promili alkoxol vo organizmot i ucestvuval vo soobrakjajna nesrekja vo koja zagina 19 godisna sopatnicka na motocikl image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол.  Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. 

Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Уапсен маж од Крушево, дома му нашле дрога и оружје

Пукано во автомобил во Арачиново, двајца повредени

Македонија во пламен – активни се 10 пожари