Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Foto 1.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон.

На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на целта стигна 17-годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал.

Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух и посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси.

На патеката „Климе Савин”, долга 25 километри од Свети Наум до Охридското пристаниште, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од осум држави: 11 во машка и 5 во женска конкуренција, меѓу кои четворица македонски натпреварувачи.

Можете да прочитате

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево