Утрински Весник
Македонија

Моторџија тешко повреден во сообраќајка во Радишани

Motor soobrakajka.jpg

На 21.08.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки управувано од З.Б.(52) од Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.В.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки управуван од С.К.(24) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Голем пожар избувна во струмичко меѓу селата Баница и Водоча, прогласена евакуација на жителите од населбата Софилар

Ангелов: Најмалку 11 активни пожари во државата, најкритично кај Струмица, Студеничани и Желино