Утрински Весник
Скопје

Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди

Image 2026 08 21 112049699.png

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво.

Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на гориво, со што директно ги лоцираме нелогичните трошоци и ја оптимизираме работата. Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување.

Ова е систем на одговорност и затоа сакаме со сопствен пример да покажеме дека Град Скопје максимално го штити буџетот на граѓаните и дека функцијата не е привилегија, туку обврска, потенцира Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Отворени три јавни повици за создавање на програмата „Скопје 2029 – Европска престолнина на културата“

Герасимовски да одговори зошто центарци ќе плаќаат 6,6 милиони денари за мобилна апликација, а притоа вели дека е бесплатна, прашува ВМРО-ДПМНЕ