
Центарот за управување со кризи информира дека на ден 19/20.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.
Активни пожари има во Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река и крак кон с. Орле, Општина Новаци (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума). Општина Могила: с. Мојно (ниска вегетација).
Пожар под контрола е во Општина Делчево: Делчево каде гори депонија.
Во последното деноноќие изгаснат е 31 пожар, меѓу нив и пожарите во општините Сарај, Кочани, Дебрца, Охрид, Тетово, Гевгелија, Теарце…



