Утрински Весник
Свет

Во Германија се признаваат се повеќе странски квалификации

20260731121537 big 730x400 75.webp.webp

Германија се обидува да ја ублажи кризата поради недостатокот на квалификувана работна сила со увоз на работници, а за да ги отвори вратите уште повеќе за доаѓањето на имигранти на работа, признава се повеќе странски квалификации, јави ДПА.

Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа е десет проценти повеќе од претходната година, односно 21 и 25 проценти повеќе отколку во 2024 и 2023 година.

Лани, како и во претходните години, беа признати најмногу квалификации од Турција, 9.800, или 11 проценти. Следува Украина, со околу 8.300, и значителен број дипломи од Сирија, 6.100, Индија и Тунис, по 5.400. Бројот на признати сириски квалификации порасна особено силно, со стапка од 42 проценти.

Спротивно на тоа, Германија призна значително помалку квалификации од Босна и Херцеговина, која се рангираше на прво или второ место помеѓу 2016 и 2023 година.

Властите лани признаа најмногу квалификации за медицински сестри, 32.000, по што следуваат медицински квалификации, 13.900, и инженерски квалификации, 4.600. 

Можете да прочитате

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува во САД

Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато во Централноафриканската Република

Путин и наложи на руската влада да ги обнови складовите оштетени во украинските напади