Утрински Весник
Свет

Земјотрес со магнитуда од 6,1 според Рихтер го погоди индонезискиот остров Суматра

Zemjotres2.jpeg

Индонезискиот остров Суматра денеска беше погоден од земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика.

Според официјалните мерења, подземниот потрес бил регистриран во 13:02 часот по локално време, со епицентар на длабочина од 29 километри. Првичните информации укажуваат дека засега нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Новиот потрес доаѓа само неколку дена откако во саботата индонезиската провинција Источни Мали Сундски Острови беше погодена од катастрофален земјотрес со магнитуда од 7,7 степени. Според последните податоци, бројот на загинатите во таа непогода достигна 68 лица, додека повеќе од 210 се повредени. Во саботниот потрес беа оштетени околу 4.500 станбени објекти, а над 19.000 луѓе беа принудени на евакуација.

Индонезискиот архипелаг опфаќа повеќе од 17.000 острови и се наоѓа во таканаречениот Пацифички Огнен прстен — една од сеизмички и вулканолошки најактивните зони на Земјата.

Можете да прочитате

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор

Москва ѝ се закани на Велика Британија 

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години