Утрински Весник
Македонија

Гостиварец заврши во полиција, ја нападнал и повредил девојката

Policija.webp.webp

На 15.08.2026 година во 23:20 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Д.(37) од Гостивар поради тоа што околу 23:20 часот влегол во домот на неговата 32 годишна девојка, вербално ја нападнал, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон.

Набрзо потоа, пред зградата и физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

15-годишник силувал малолетничка, делото го снимил, па ја уценувал