
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар.
Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот.
Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планинскиот предел западно од Тетово и северозападно од Гостивар.
Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.
Со оглед на магнитудата, станува збор за послаб земјотрес кој може да биде почувствуван од дел од населението во близина на епицентарот.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.


