Утрински Весник
Македонија

Скопјанец прво бил измамен за 7000 евра, а потоа добил ќотек од измамникот

Policzija 1.jpg

На 13.08.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода О.С.(37) од Скопје.

Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот.

Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги дал, по што О.С. физички го нападнал и во неколку наврати му упатувал закани. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Втора жртва од Западен Нил: 24 пациенти на Инфективна, петмина на механичка вентилација

(Видео) МВР во голема акција со Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана

СДСМ: Јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар, кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?