
Според информациите, турскиот клуб му понудил тригодишен договор со годишна заработка од 10 милиони евра, како и дополнителен бонус од 10 милиони евра при потпишувањето.
Влаховиќ ги завршил потребните формалности, а во 21:30 часот пристигнал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, каде што бил пречекан од голем број навивачи.
Со ова завршува неговиот период во Јувентус. Српскиот голгетер подолго време беше меѓу најспоменуваните фудбалери на трансфер-пазарот, а за неговите услуги се поврзуваа повеќе европски клубови. Сепак, високите финансиски барања беа една од главните пречки за реализација на трансферот.
Бешикташ, според информациите, успеал да ги исполни неговите финансиски услови и да го убеди да се пресели во турскиот фудбал.
Трансферот носи и дополнителна возбуда за фудбалските фанови во Истанбул. Влаховиќ повторно би можел да се најде на спротивната страна од Виктор Осимен, но наместо во дуелите Јувентус – Наполи, двајцата сега би можеле да се соочуваат во големите истанбулски дерби-пресметки.
Од еден црно-бел гигант во друг, Влаховиќ започнува нова етапа во кариерата, а неговото доаѓање дополнително го зголемува интересот за турскиот шампионат.


