Утрински Весник
Македонија

Брачна двојка од Велес лишена од слобода по семејно насилство и закани

Svr veles.jpg

Настанот се случил ноќеска, околу 00:45 часот, во домот на сопружници во Велес, каде започнала кратката расправија која преминала во физички напад со употреба на дрвен и закани со остар предмет како и за палење на семејниот дом. Имало и интервенција на полициски службеници, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 13.08.2026 во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Г.Е.(52) и неговата 49-годишна сопруга М.Е., двајцата од Велес. Според пријавеното, по кратка расправија во домот, Г.Е. физички ја нападнал M.E., а таа му возвратила со употреба на дрвен предмет. Исто така, Г.Е ѝ упатил закани со остар предмет и се заканувал дека ќе ја запали куќата со плинска боца, но бил спречен во намерата. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Г.Е. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,56 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави“.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница