Утрински Весник
Македонија

Несреќа на Охридското Езеро: Се удавил турист од Грузија

Ohridsko ezero.png

Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид.

Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди.

Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за 46-годишниот Б.Д. од Грузија. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница